Уапсен е струмичанец – превезуваше мигранти без возачка со возило со туѓи регистарски таблички

Од:

МВР информира дека синоќа во 19:30 часот во близина на крстосница од локален пат с. Богородица – Гевгелија и регионален пат Гевгелија – Богданци, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица го лишија од слобода Д.К.(36) од Струмица поради основи на сомнение за сторени кривични дела по член 418-Б, член 378 и член 297-а од Кривичниот законик.

Имено, при контрола во возило „фиат стило“ со австриски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица мигранти, од кои четири од Пакистан, две од Авганистан и едно од Турција.

Додека, по извршени дополнителни проверки било констатирано дека регистарските таблички припаѓале на возилото, а тој го управувал без возачка дозвола.

За настанот е известен јавен обвинител,а мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.

По целосно документирање на случајот, против Д.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Сузбиена е криминална група која вршеше криумчарење на мигранти

А1он

Скопјанка криумчарела мигранти од Египет

Приведен криумчар на мигранти во близина на село Богородица

А1он

ВИДЕО: Криумчарел 15 Кинези во камионот, Босанец уапсен на „Богородица“

Приведен криумчар на мигранти, пренесувал 12 Непалци

Приведен криумчар на мигранти, пронајдени девет лица од Сирија