Песков: Лага е дека Путин контактирал со Маск

Од:

Портпаролот на руското претседателство Дмитриј Песков денеска изјави дека информациите што ги објави Волстрит журнал за контактите меѓу Владимир Путин и американскиот бизнисмен Илон Маск се лажни.

На прашањето да го коментира написот во американскиот весник дека Русија им пренела сателитски податоци на јеменските бунтовници, што им овозможило да извршат ракетни напади врз западни бродови во Црвеното Море, Песков рече дека не ја прочитал статијата и дека американските медиуми имал „многу лаги за Кремљ“, пренесува РИА Новости.

„За жал, во овој напис и во други американски изданија во последно време има толку многу невистини што немаме навика да ги читаме овие списанија прво со кафе, бидејќи повеќе не ги гледаме како веродостојни весници кои само ја кажуваат вистината“, рече Песков.

Би можело да ве интересира

Путин: Украинските сили во Курск не разбираат дека се опколени

Горан Наумовски

Путин: Ако има фотографии, тие кажуваат нешто

Путин предупреди: Блискиот Исток е на работ на општа војна

Путин: БРИКС не создава сопствен платен систем, градиме соработка за прекугранични плаќања

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина и Русија се чувари на глобалната стратешка стабилност

„Изолираниот“ Путин собра 40 светски лидери