Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека во моментов не постои можност Украина да биде поканета во НАТО бидејќи, како што наведе, според него, земја во воена состојба не може да стане членка на Алијансата.
Шолц за телевизијата ЗДФ изјави дека земја во воена состојба дефинитивно не може да стане членка на НАТО и дека, како што наведе, сите се согласуваат со тој став.
Според Шолц, во моментов се разговара за „безбедносните гаранции“ по завршувањето на тековната војна во Украина. Шолц истакна дека руското кршење на меѓународното право бара посебни дејствија.
Според него, од една страна треба да се поддржи способноста на Украина да се брани, а од друга страна да се спречи војната да прерасне во конфликт од поголеми размери, односно во војна меѓу Русија и НАТО.