Свежо утро, преку ден сончево со температури до 23 степени

Од:

Времето утрово ќе биде свежо, по одделни котлини и речни долини со услови за појава на магла. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност поголема во претпладневните часови. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени.

Во Скопје утрото студено, во делови од котлината магливо. Преку денот сончево со мала локална облачност и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Според прогнозата на УХМР, наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно време со студени утра во кои температури наместа ќе се спуштаат до некој степен под нула степени.

– По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневната температура ќе биде без значителни промени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Би можело да ве интересира

Сончево со температури до 32 степени

Сончевро време со температури до 29 степени

Сончево со мала облачност, попладне локално дожд и ветер

Сончево време со темеператури околу 30 степени

Сончево, со температура до 30 степени

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд

А1он