Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан денеска објави дека САД постигнале напредок во идентификувањето на странските влијанија врз изборите во земјата, пренесува Ројтерс.
„Мислам дека постигнавме напредок, но ни претстои долг пат за да стигнеме таму каде што треба да бидеме“, рече Саливан денеска, две недели пред претседателските избори во САД.
Предизборниот штаб на републиканскиот претседателски кандидат на САД, Доналд Трамп, претходно поднесе жалба до Федералната изборна комисија (ФЕЦ) против британската Лабуристичка партија за „очигледно мешање“ во претседателските избори во САД.