Иранскиот лидер ајатолахот Али Хамнеи денеска изјави дека се води физичка и психолошка војна против Техеран и оската на отпорот, вклучувајќи ги Хамас и Хезболах, и нагласи дека е неопходно да се зајакнат одбранбените капацитети.
Тој ја нагласи „неспособноста на израелскиот режим“ да ја елиминира оската на отпорот и покрај фактот што повеќе од 50.000 луѓе се убиени во израелските напади врз Појасот Газа и Либан, пренесува Ал Мајадин.
„Ако немаше луѓе како маченикот (Јахја) Синвар кој се бореше до последен момент, или ако немаше големи луѓе како маченикот Хасан Насрала кои комбинираа џихад, мудрост, храброст и пожртвуваност, судбината на регионот ќе беше определено на поинаков начин“, рече Хамнеи на конференцијата во Техеран.
Поранешниот лидер на Хезболах Хасан Насрала беше убиен во израелските напади врз Бејрут кон крајот на септември, додека лидерот на Хамас Јахја Синвар беше убиен во Газа на почетокот на овој месец.