Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави денеска на самитот на БРИКС во Казан дека на светот му е потребен мир во Појасот Газа, Украина и Судан.
„Ни треба мир насекаде. Ни треба мир во Украина. Праведен мир во согласност со Повелбата на ОН, меѓународното право и резолуциите на Генералното собрание на ОН“, изјави тој пред лидерите на БРИКС, пренесува Ројтерс.
Се очекува Гутереш денеска да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.