Енрико Лета во следните денови ќе побара гласање доверба за владата во парламентот

Од:

Италијанскиот премиер Енрико Лета во следните денови ќе побара гласање доверба во парламентот, односно за предложениот пакет за дополнителни буџетски мерки во вредност од три милијарди евра, што ќе и помогнат на земјата да го намали својот буџетски дефицит до дозволените рамки во ЕУ, пренесоа светските агенции.

Лета до ваква одлука дошол откако неговата Демократска партија и партијата Народ на слободата на Силвио Берлускони не успеаја да се договорат за дополнителните мерки, кои, меѓутоа, и двете партии ги бараат.

Веста за претстојното гласање доверба ја соопшти Грацијано Делрио, министер за регионални прашања.

Лета одлуката ја донел по средбата со претседателот Џорџо Наполитано и по неуспешното заседание на Министерскиот совет, каде коалициските партнери не се договорија за мерките кои ги предлага тој.

Ако гласањето не успее и мерките не бидат одобрени од пратенциите, веќе во вторник Данокот на додадена вредност ќе се зголеми од 21 на 22 проценти, а Лета ќе треба да поднесе оставка, посочуваат британските медиуми.

Тоа само ја продлабочува кризата, што се изроди од судските проблеми на Силвио Берлускони. На 4 октомври сенатска комисија ќе разгледува дали Берслускони да го ослободи од сенатската функција во парламентот заради потврдената осудителна пресуда за даночни измами. Ако се случи нешто вакво, пратениците од Народ на слободата се заканија дека масовно ќе го напуштат парламентот за да предизвикаат неговото распуштање .

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски