Мицкоски: Да не го губиме времето на поделби и прашања кои не разединуваат

Од:

Нека е честит и вековит денот на Македонската револуционерна борба. На овој ден е формирана и Македонската револуционерна организација. Делото на организацијата која ги носи историските свети букви ВМРО е дело кое се вгради во изградбата на самостојна држава и своја самосвест, вели премиерот Христина Мицкоски.

„Никулците на македонската национална мисла создадени пред илинденскиот период, делата и идејата на преродбениците, и енергијата на македонското граѓанство, ефектите од претходните востанија на разни делови на тогашната Македонија, кулминираа и се преточија во движечката сила на Македонската револуционерна организација. Тоа беше силата втемелена во идејата за сопствена независна држава со свој идентитет и посебност.

На овој ден да се потсетиме на хероите кои ги дадоа животите за слободна Македонија, но и на заветот кој не обврзува. Потребно е да работиме за да донесеме иднина, да ја закрепнеме државата, да овозможиме правда, и економски просперитет. Народот да живее подобро и секој атом да го насочиме кон создавање на посветла иднина каква граѓаните заслужуваат. Да не го губиме времето на поделби и прашања кои не разединуваат, туку посветено да работиме за подобар живот, повисок стандард и да создадеме општество на можности и почит. И ова е заедничката битка во остварувањето на целта. Нека е вечна организацијата и нашата Македонија. Со целосна почит за Македонската револуционерна борба“, вели Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски објави видео по повод 35 години независност на Македонија

Горан Наумовски

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме

Филипче за тврдењето дека власта го прифатила Францускиот предлог: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Растот на куповната моќ и туризмот се доказ дека државата оди напред

СДСМ: Славески и Мицкоски велат имаме најдобра куповна моќ – граѓаните гледаат во фрижидерот и се прашуваат каде живеат

СДСМ: Мицкоски и Клековски го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар