ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Од:

Пет луѓе се убиени во масакр во куќа во близина на Сиетл, а за убиствата е осомничено 15-годишно момче, соопштија денеска властите на државата Вашингтон. Во престрелката животот го загубија двајца возрасни и три деца, а едно девојче е рането, соопшти полицијата.

Портпаролот на Одделот на Шерифот, Мајк Мелис, на новинарите на местото на настанот изјави дека осомничениот е приведен без инциденти. Засега не е познат мотивот на злосторството, ниту се знае дали сите инволвирани во овој трагичен настан се во семејни врски.

Замениците на Шерифот добиле повеќе повици за пукање во дом во Фол Сити, околу 10 милји источно од Сиетл. Пред да пристигнат лекарите на местото на злосторството, на жртвите им била укажана прва помош од соседот.

Осомничениот 15-годишен е однесен во малолетничкиот центар и во вторник или среда треба да се појави на суд.

Би можело да ве интересира

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија

САД испраќаат голем пакет помош за Украина

Американскиот секретар за одбрана: За 1.000 дена војна Путин не постигна ниту една стратешка цел

Песков: Има телефонска врска меѓу Кремљ и Белата куќа, но не е активна