Светската банка го симна Иран од списокот на земјите кои имаат репутација на лоши плаќачи, пренесоа светските агенции.
Ова стана можно откако Техеран почна да ги исплаќа сумите, замени од Светската банка, и поврзани со старите програми за развој.
Во текот на јули одделот на Светската банка, специјализиран за обнова и развој, Иран го стави во категоријата на сомнителни плаќачи, откако Техеран пропушти да плати износи по минувањето на рок за плаќање на кредитите поголем од шест месеци.
Тоа Исламската република ја изложуваше на ризик од финансиски санкции. Таа, освен тоа, немаше да може да аплицира за добивање на нови кредити од Светската банка.
Светската банка, меѓутоа, од 2005 година, де факто, нема програма за помош на Иран заради меѓународните санкции, наметнати на Техеран заради неговата нуклеарна програма.
Засега Светската банка не прецизира колкава сума вратил Техеран. Познато е дека земјата се уште должи 616 милиони долари.