Тинејџерка (17) од Русија синоќа паднала од зграда во Нов Белград и за чудо преживеала.
Како што дознава „Телеграф.рс“, таа паднала од 6-ти кат на напуштена зграда, од висина од околу 17 метри.
Била примена во болница со бројни тешки повреди.
Според првичните информации, нејзиниот пад бил ублажен од трева и од земја.
За случајот известени се полицијата и обвинителството.