Изложба на склуптури во Прилеп

Од:

Во галеријата од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп синоќа беше отворена биенална изложба на скулптури, насловена „Скулптури на новото време 2013 година“.

Пред прилепската публика, се претставени 20 скулптури во мермер, дрво, метал, теракота на 20 македонски уметници.

Ова е проект на Цетарот за култура од Куманово и делата се само дел од богатото скулпторско македонско творештво.

Според Роберт Цветковски, историчар на уметноста од Центарот за култура Куманово кој ја отвори изложбата прикажува само мал дел од скулпторското творештво кај нас.

– Очекуваме оваа изложба да овозможи еден галериски континуитет, присуство и актуелност на овој специфичен вид авторски остварувања и натамошна едукација на публиката за разбирање и прифаќање на современиот скулпторски уметнички израз, рече Цветковски.

За портпаролот на Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп, Каролина Мицевска, битно беше овааа уметност и изложбата да ги види прилепската публика зашто пет автори што изложуваат се прилепчани.

Изложбата „Скулптури на новото време 2013“  ја финансира Министерството за култура и ќе биде претставувана во повеќе градови. Ќе се организира на две години.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска