Либанската армија денеска соопшти дека тројца нејзини војници загинале во израелски напад врз воено возило во јужен Либан.
Либанската армија досега главно се држеше надвор од војната меѓу Израел и милитантната група Хезболах, која има упориште во земјата, објави АП.
Агенцијата наведува дека армијата е почитувана институција во Либан, но дека не е доволно моќна да ја наметне својата волја на Хезболах, или да ја брани земјата од инвазијата на Израел.