Си Џинпинг: Кина е подготвена да шири мир заедно со Северна Кореја

Од:

Кинескиот претседател Си Џинпинг му порача на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун дека Кина е подготвена да придонесе за заштита на мирот во регионот и светот заедно со Северна Кореја.

„Подготвен сум да дадам поголем придонес во развојот на традиционалните односи на пријателство и соработка меѓу Кина и Северна Кореја, како и за заштита на регионалниот и глобалниот мир и стабилност“, рече кинескиот претседател како одговор на честитката на Ким по повод 75-годишнината од основањето на Народна Република Кина, чиј текст пренесува севернокорејската државна новинска агенција КЦНА.

Тој изрази надеж дека народот на Северна Кореја ќе продолжи да напредува во унапредувањето на социјалистичката конструкција под раководство на Работничката партија на Кореја, предводена од Ким Џонг Ун.

Би можело да ве интересира

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

Бајден и Си се согласуваат: За употребата на нуклеарно оружје треба да одлучуваат луѓето

Вашингтон не сака да му помогне на Пекинг да развие технологии кои се закана за САД

Си Џинпинг: Кина и Русија се чувари на глобалната стратешка стабилност

Трамп: Кина нема да ме испровоцира бидејќи Си знае дека сум луд

Горан Наумовски

Почна средбата меѓу Путин и Си во Пекинг, по што ќе следи дискусија со учество на делегации

Горан Наумовски