ВМРО-ДПМНЕ: По целосната партизација од страна на СДС на безбедносните служби, следи нивна професионализација

Од:

СДС целосно ја партизираше државата така што и во безбедносните структури, место професионалци, на раководни позиции назначуваше партиски послушници. Изминатите седум години на власт СДС во клучните Агенции за национална безбедност (АНБ) и за разознавање (АР), од суштинска важност за безбедноста на Македонија, постави некомпетентни и партиски кадри. Таков е случајот со партискиот функционер, Виктор Димовски кого СДС го постави на чело на АНБ. Димовски беше член на ИО на СДС, кое е највисоко тело во опозициската партија, а беше и член на нивните комисии, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека пак Еролд Муслиу, кој раководеше со АР, злоупотребувајќи ја позицијата, активно следеше функционери на ВМРО-ДПМНЕ, а од агенцијата направи партиски штаб на СДС. Исто така, потсетуваме дека СДС изврши партизација и во УБК, кога за директор го постави Миле Зечевиќ, кој своевремено беше висок партиски функционер, а потоа стана и генерален секретар.

Но, за разлика од партиските назначувања на СДС, за ВМРО-ДПМНЕ приоритет е стручноста, професионализмот и компетентноста на кадрите. Изборот на Бојан Христовски за директор на АНБ е чекор кон враќање на професионализмот и интегритетот во безбедносните служби, кои ќе работат за заштита на државните интереси и независноста на службите. На сите им е јасно дека, ВМРО-ДПМНЕ ја прекинува практиката на партиска контрола над безбедносните служби. Стручноста, професионализмот и интегритетот ќе бидат водечки принципи. Безбедносните служби мора да функционираат во интерес на народот и државата, а не како до сега што служеа како инструмент за партизација“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Наместо виновниците, санкции трпат угостителите и трговците во Гостивар

СДСМ: Орбановите автобуси победија на тендерот во Скопје

(ВИДЕО) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви, а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

СДСМ: Тимчо Муцунски нè убедува дека сме „портата кон Европа“ – а не слепо црево

СДСМ: „Печатна грешка“ со коњ со пет нозе – Орце и ВМРО-ОКГ ја покажаа својата неспособност