Захарова: Изјавата на Борел за убиството на заробените украински војници е дезинформација

Од:

Изјавата на шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, дека руската армија наводно убила заробени украински војници е дезинформација и неосновано обвинување, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Захарова рече дека тоа е „антируска изјава која поттикнува проукраинска пропаганда“ и дека „во отсуство на успех“, вооружените сили на Украина и шефот на европската дипломатија во заминување, Жозеп Борел, „измислуваат се повеќе и повеќе дезинформации со цел да се оцрни Русија“, пренесе ТАСС.

Захарова нагласи дека Борел повторно упати неосновани обвинувања против Русија за наводни убиства на заробени украински војници.

Би можело да ве интересира

Захарова: Руското Министерство за надворешни работи е цел на сајбер напад

Захарова: Повикот на Европскиот Парламент за апсење на Мадуро е знак на лудило

Борел: Европската Унија и испрати на Украина 650.000 гранати

Горан Наумовски

Захарова: Иницијативата на Путин е универзален рецепт за решавање на конфликтот во Украина

Захарова: Барањата Минск да ги повлече војниците од границата се неприфатливи

Горан Наумовски

Борел го осуди нападот на израелските доселеници врз палестинското село, се закани со санкции од ЕУ