Три лица загинаа, а девет се повредени откако автобус падна во провалија на грчкиот остров Хиос, по што избил пожар.
Двајца од загинатите патници се пронајдени во остатоците на возилото, додека третиот им подлегнал на повредите во болница.
Локалните власти започнаа истрага за причината за несреќата и соопштија дека засега не е познат бројот на луѓето кои патувале во автобусот. Според податоците на полицијата провалијата била длабока десет метри.
Во гаснењето на пожарот, кој ги зафатил и околните дрвја, учествувале 20 пожарникари.