Затворена е скопската Зоолошка градина, се стравува дека има заразено животни со птичји грип

Од:

Денеска е затворена скопската Зоолошка градина од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, откако било пријавено дека неколку животни угинале во последните неколку дена.

Засега се знае дека се испитува дали кај гуските има бактерија од која можат да се заразат и луѓето.

Поранешниот директор на ЗОО Скопје, Ѓорѓи Галетановски објави на Фејсбук дека станува збор за „птичји грип“.

„Смртоносна бактерија “птичји грип” е најдена во зоолошка градина Скопје. Во моментов Зоолошка е затворена посетителите евакуирни инспектори се веќе влезени
Ги замолувам посетителите и колегите сите што ја посетиле деновиве да се проверат“, напиша Галетановски на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

АХВ: Потврден е случај на присуство на вирусот на Птичји грип во Зоолошката градина во Скопје

Скопска ЗОО: Повторно се потврдува секташката политика на Владата на Христијан Мицкоски

Во ЗОО Скопје почина лавот Жика на 16-годишна возраст

Кирков: Со Данела Арсовска и нејзините кадри за директори од најголема атракција Зоолошката Градина во Скопје се претвори во хорор приказна

Кирков: Во Зоолошката се угинати 40 егзотични животни, оставка на целото раководство

ВИДЕО: Тим од скопската зоолошка спаси мечка фатена во стапица за диви свињи

Катерина Ѓуровски