Ултразвук за подобро расположение

Од:

Истражување спроведено во САД тврди дека ултразвучните бранови насочени на одредени делови од мозокот резултираат со подобрување на расположението.

Научници од Универзитетот Аризона тврдат дека ултразвукот во иднина би можел да се користи за третирање на ментални и невролошки пореметувања, на пример депресија и последици од трауматски повреди на мозокот.

Станува збор за евтина, сигурна и ефикасна метода, пишуваат истражувачите во стручното списание „Brain Stimulation“.

Досегашните тестирања се спроведени врз примерок од 31 испитаник со хронични болки.

Учесниците во истражувањето биле на возраст од 29 до 83 години, а на ултразвучните бранови насочени во слепоочницата биле изложени во траење од 15 секунди.

Се покажало дека примената на ултразвукот доведувала до подобрување на расположението во рок од десет минути, а кај некои испитаници е забележано и редуцирање на болката.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска