(ВИДЕО) Јанчева: ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се единствени виновници за најлошиот јавен превоз во Европа

Од:

Извештајот на Европската Комисија јасно го потврдува она што скопјани го чувствуваат секојдневно: јавниот превоз во Скопје е во катастрофална состојба, најлош во Европа! Ваквата состојба е директен резултат на неспособноста на локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Данела Арсовска, кои, за само 3 години владеење, успеаја да го доведат Скопје на дното, не само во транспортот, туку и во сите други области. Наместо да ги исполнат ветувањата за инвестиции и модернизација на јавниот превоз, станавме сведоци на епско потфрлање и тотален хаос во јавниот градски сообраќај, изјави Љубица Јанчева, совеничка и координаторка на советничката група на СДСМ во Скопје.

– Пред само 3 години ветуваа модерно Скопје, нови 250 автобуси, дури и бесплатен превоз. Ниту едно од ветувањата на ДПМНЕ не е остварено. Оваа ситуација секојдневно ги погодува граѓаните на Скопје, кои се соочуваат со проблеми поради нередовност, доцнење на редовните автобуси. Страдаат поради надостигот на нови автобуси и поради целосно нефункционалниот и застарен концепт на јавен сообраќај во Скопје. Одговорноста лежи кај советниците на ВМРО-ДПМНЕ, кои се против проектот БРТ, и намерно не гласаат за набавката на нови автобуси, кои ги ветуваа, како и кај Владата на Мицкоски која не презема никакви мерки.Наместо да се грижат за потребите на скопјани, тие се фокусираат на своите неуспешни бизнис интереси и сојузништва, оставајќи ги граѓаните сами да се справуваат со хаосот.
ВМРО-ДПМНЕ и нивната неспособност се најголемите виновници за катастрофата во јавниот превоз во Скопје – рече Јанчева.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Милионските вмровски шеми во Еразмус+ мора да бидат расчистени и да следи одговорност

(ВИДЕО) Манасков: СДСМ со нови детали за скандалот со директорката – Кој стои зад вмровските шеми во Еразмус+?

(ВИДЕО) Јанковиќ: Нов скандал во Националната агенција Еразмус, Ана Михајлов осомничена од ОЛАФ назначена за в.д директорка?

(ВИДЕО) Битиќи: Срам за Владата, работниците и пензионери не се виновни за поскапувањата

Горан Наумовски

СДСМ: Се партизира секоја позиција, па дури и личните асистенти за децата со посебни потреби

СДСМ: Обвинителство да поведе кривична постапка за началникот Роберт Мартиноски и да ја прошири истрагата