Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го претстави долгоочекуваниот украински „план за победа“, но некои делови останаа доверливи, јавуваат украинските медиуми.

Предлогот се состои од пет точки: покана за членство во НАТО, одбранбен аспект, одвраќање од руска агресија, економски раст и соработка и повоена безбедносна архитектура. Планот вклучува и три точки кои се тајни.

Дејвид Арамија, парламентарниот лидер на владејачката партија, рече дека овие тајни точки ќе им бидат презентирани на партиските лидери.

„Доколку планот биде поддржан, можеме да ја завршиме војната најдоцна до следната година“, рече Зеленски во парламентот во присуство на врховниот командант на вооружените сили на Украина Александар Сирски, шефот на воената разузнавачка служба Кирил Буданов и западните дипломати.

Би можело да ве интересира

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион

Во Украинa рации во барови, на мета мажи кои не се одѕвале на воената регрутација

A1on