САД со ултиматум до Израел: Да се подобри хуманитарната ситуација во Газа

Од:

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден испрати писмо до израелската влада во кое бара да работи на подобрување на хуманитарната ситуација во Газа во следните 30 дена или ризикува да ги прекрши американските закони кои ја регулираат странската воена помош, објави Си-Ен-Ен.

Писмото, заеднички напишано од американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министерот за одбрана Лојд Остин, беше упатено до израелскиот министер за одбрана Јоав Галант и министерот за стратешки прашања Рон Дермер.

Барањето претставува нов чекор на САД во обид да го принудат Израел да ја олесни испораката на хуманитарна помош во Газа.

Во писмото, исто така, се наведува дека Стејт департментот и Министерството за одбрана, според американскиот закон, „мора постојано да проценуваат“ дали Израел ги следи гаранциите што ги даде претходно оваа година дека нема да го ограничи протокот на помош во енклавата.

Рокот од 30 дена истекува по претседателските избори во САД на 5 ноември.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег