„Круг на хуманоста“ во Скопје

Од:

Граѓаните и посетителите на Скопје денеска до 17 часот, со донирање на метални парички, поставени една до друга ќе создадат круг околу Спомен-куќата на Мајка Тереза. Организатори на хуманитарниот настан под мотото „Заедно создадаваме круг на хуманоста“ се Центарот за институционален развој (ЦИРа), Спомен-куќата на Мајка Тереза и Министерството за труд и сoцијална политика.

Средствата од формираниот круг на хуманоста ќе бидат донирани за подобрување на условите за живот во станбените објекти во кои живеат млади лица без родители, кои по наполнувањето на 18 години го напуштат Домот за деца без родители.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов потенцира дека во изминатиот период се определени околу 30 станови кои дополнително ќе се дадат на младите без родители. Изрази надеж дека бизнисмените и приватните компании ќе ги поддржувата ваквите акции.

– За акцијата „Се грижиме за топол дом“, ги исконтактиравме сите производители, продавачи и увозници на мебел и бела техника. Досега околу десетина компании се согласија да ја поддржат оваа акција и да донираат нов мебел и опрема, кој ќе се искористи за опремување на овие триесетина станови кои во следниот период ќе им бидат доделени на лицата без родители до 18 години, рече Спасов.

Зоран Стојковски, директор на ЦИРа посочи дека првпат во Македонија се креира круг на хуманоста со монети. Очекуваат овој настан да прерсане во традиционален.

ОД ЦИРа очекуваат  да се соберат околу 50.000 денари кои ќе им ги дадат на децата од Домот. Овие деца живеат во изнајмени станови за кои трошоците ги покрива Владата на Македонија. Според анализите на ЦИРа, токму таа група е најзагрозена и  се очекува со собраните средства барем малку да им се подобрат животните услови, особено за средување на становите каде живеат.

Со овој настан се одбележува и првиот „Меѓународен ден на милосрдието“, 5 септември, годишнината од смртта на Мајка Тереза, кој е прогласен од Генералното собрание на Обинетите Нации.

Одговарајќи на новинарско прашање, Спaсов рече дека пред два дена заедно со вицепремиерот Пешевски ги промовирале поволностите со кои, како што рече, сакаме да го поттикнеме приватниот сектор да инвестира во изградба на детски градинки и старечки домови.

– Една од покрупните мерки е намалување на цената на градежното земјиште, кое за оваа намена ќе има почетна цена од 1 евро за метар квадратен, а цените на комуналиите за такви објекти да биде намалена за 95 проценти, Спасов.

Тој ги повика сите заинтересирани да се обратат во Министерството за труд и социјална политика, на бесплатниот телефонски број 15505 или на email адресата [email protected]. На сите заинтересирани потоа ќе им бидат дадени сите потребни податоци.

– Во исто време работиме во соработка со општините и со Министерството за транспорт и врски на листа на слободно градежно земјиште кое може да се стави на располгање и со намена за изградба на приватни градинки и домови за стари лица. Имаме и листа на стари објекти кои можат да се продадат или дадат под закуп и сите заинтересирани потенцијални инвеститори можат да направат увид на тие објекти, рече Спасов.

Прашан за лицата кои имаат отежнато движење, не се мобилни, а се сместени во Бања Банско и во Демир Капија, Спасов рече дека се сретнал со нив и ги слушнал нивните барања, за додатокот за мобилност од седум илјади денари кој во моментов немаат право да го остваруваат по последните измени на Законот за социјална заштита.

– Нивните барања се реални и имаат потреба од дополнителни средства со цел да им се обезбеди поголема мобилност, почесто да патуваат или да ги задоволат своите потреби. Поради тоа Владата на последната седница донесе заклучок во следните измени на Законот за социјална заштита кои набрзо ќе бидат доставени до Владата и до Собранието, се предвидува лицата кои имаат право да земаат мобилност да бидат  сместени во институции, како Бања Банско или во специјалниот Завод во Демир Капија, рече Спасов.

Би можело да ве интересира

Уште една победа на хуманоста и човечноста – собрани средствата за операција на Слободан Попов – Цобе

Ана Ололовска

Двајца кичевци со хуман гест за младо момче со посебни потреби

Ана Ололовска

Исклучително: Месут Озил спаси 219 детски животи!

Апел на МД „Илинден“: Да му помогнеме на Алекс, да бидеме хумани

Ана Ололовска

Хуманитарна иницијатива „Ride4Women“

Ана Ололовска

Хуманоста победи, Сара се врати дома жива и здрава

Ана Ололовска