Историски телефонски разговор меѓу Барак Обама и Хасан Рохани

Од:

Историски телефонски разговор вчера имале американскиот претседател Барак Обама и новиот ирански претседател Хасан Рохани, прв разговор меѓу американски и ирански претседател по повеќе од 30 години, пренесоа американските медиуми.

Пред репортерите во Белата куќа Обама синоќа изјави дека двајцата со Рохани на своите екипи им наредиле да работат експедитивно на спогодбата за нуклеарната програма на Иран.

Тој подвлече дека ова е уникатна можност да се постигне напредок со Техеран за проблемот што го изолира од Западот, пренесоа британските медиуми.

-Иако со сигурност знаеме дека ќе има големи препреки на патот по кој тргнавме и успехот на ниту еден начин не е гарантиран, верувам дека можеме да постигнеме сеопфатно решение, подвлече Обама.

Рохани на Твитер напиша дека во разговорот на Обама му посакал „пријатен ден!“ („Have  а nise day!„), а Обама одговорил со „Благодарам! До гледање! („Khodahafez„) и додал дека двајцата лидери ја изразиле „својата взаемна политичка волја за брзо решавање на нуклеарниот проблем“.

Телефонскиот разговор, прв меѓу лидерите на двете земји од Исламската револуција во 1979 година, се оддржал додека иранскиот претседател бил на пат кон аеродромот, по својата прва посета во Генералното собрание на ОН, се наведува на официјалниот претседателски сајт на Рохани, пренесоа британските медиуми.

„Фактот дека толку долго време мина откако американски и ирански лидер разменија зборови, ја одразува длабоката недоверба меѓу нашите земји“, рече Обама, но додаде дека ова, исто така, покажува шанса за придвижување напред.

-Навистина верувам дека има темел за решение, рече тој.

Иранскиот претседател ја изразил желбата да зборува со својот американски колега, пред вчера да ги напушти САД, изјави анонимен претставник на администарцијата на Обама.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откажани се летовите од аеродромите во Иран

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Нетанјаху го нарече срамотен повикот на Макрон за ембарго за оружје на Израел

ВИДЕО: Се појави снимка како Иран го подготвувал нападот против Израел

Предраг Петровиќ

Израел конечно призна: Иран ги уништи нашите бази

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимката од ликвидацијата на лидерот на Хезболах во Бејрут