Србија оствари победа над Швајцарија во Лесковац

Од:

Во Лесковац, во третото коло од Лигата на нации, фудбалерите на Србија ја победија Швајцарија со резултат 2:0, со што се вратија во игра за место во четвртфиналето на натпреварувањето со една од првите две позиции во табела од група 4.

И двете селекции беа крајно претпазливи во првото полувреме, а речиси и да немаше големи шанси на двете страни.

И кога сите очекуваа дека нема да има голови пред паузата, Србија поведе уште во првата минута од судиското надополнување. Самарџиќ нафрли од корнер, а во гужвата најдобро се снајде Миленковиќ и на крајот Елведи си постигна автогол. Така 1:0 беше резултатот од првото полувреме.

Овој гол како да ги разбуди играчите на двете екипи, па во вториот дел одиграа многу подобро и поофанзивно. Ова особено се однесуваше на гостите кои пропуштија неколку добри прилики. Сепак Србија го удвои водството на половина час пред крајот на мечот кога Митровиќ погоди спектакуларно со удар од работ на шеснаесетникот.

Најубавата шанса за барем почесен гол ја имаше Швајцарија во 72. минута, но брилијантниот Рајковиќ успешно го одбрани пеналот на Ембола. Конечниот резултат беше 2:0 за домашната екипа.

Во вториот натпревар од оваа група Шпанија ја победи Данска со 1:0.

Шпанија е прва на табелата од оваа група со седум бодови, Данска е втора со шест, Србија има четири, додека Швајцарија нема бодови. Во следното коло се среќаваат Шпанија и Србија и Швајцарија и Данска.

Би можело да ве интересира

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Жесток удар за Ливерпул

Предраг Петровиќ

УЕФА ги казни Лацио и Атлетико поради расизам

Предраг Петровиќ

Барселона го загуби судскиот спор против Зенит

Предраг Петровиќ

Примија смешен гол, па славеа на „Максимир“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: 906 гол на Роналдо