По напад со беспилотни летала, избувнал пожар во складиште за нафта во Феодосија, Крим, пренесува рускиот канал Астра.
Веста за пожарот ја потврди и Олег Криучов, помошник на шефот на Крим поставен од Русите.
„Пожар во складиште за нафта во Феодосија. Руското Министерство за вонредни ситуации работи. Нема повредени и загинати. Заменик премиерот Игор Михајленко отпатува во Феодосија“, објави тој.
‼️‼️ En Feodosia ( Crimea ocupada ) alrededor de las 4:30 se produjeron varias explosiones 💥💥💥 potentes y arde una refinería de petróleo.
La refinería de petróleo de #Feodosia es la más grande de Crimea en términos de volumen de transbordo de productos… pic.twitter.com/WXg4wo5T6V
— Tte.Dan 🪖 (@kozako01) October 7, 2024
Локалните жители јавуваат дека пред да избие пожарот се слушнале експлозии. Патем, нафтениот терминал во Феодосија е најголемиот на Крим во однос на капацитетот за претовар на нафтени производи. Има само два такви терминали на полуостровот, вториот е во Севастопол.
Терминалот во Феодосија веќе беше нападнат од четири дронови во март оваа година. Тогаш беше оштетен главниот цевковод и избувна и пожар. Работниците се евакуирани. Телеграм каналот Кримски ветар пишува дека во текот на ноќта на окупираниот Крим биле нападнати и аеродромите Белбек и Саки.