На легендарниот македонски музичар, Ацо Конга му е потребна помош.
Пред петнаесеттина дена му е ампутирана раката до лактот. Тој доживеал трагедија, по што овој зафат бил неизбежен.
За ситуацијата да биде позагрижувачка, по овој зафат, метастазите му се прошириле и на други места, па итно му е потребна најдобра и најусовршена терапија. Таа терапија чини 15.000 евра.
Апелот за помош го објави пејачот Јоце Панов, кој е пријател на Конга.