Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Од:

Долгогодишниот НБА кошаркар Стивен Адамс, новиот член на Хјустон Рокетс, објави фотографија од својата соба во која ќе го помине следниот дел од кариерата, а таа привлече големо внимание на социјалните мрежи.

Адамс (31) се подготвува за својата 11-та сезона во НБА, а за тоа време заработи 159 милиони долари (145 милиони евра). Но, без разлика на сето тоа, неговиот нов дом ќе биде мала соба без мебел и само еден кревет.

Овој новозеландски кошаркар објави фотографија од својата нова соба и со тоа привлече големо внимание. Адамс додаде дека се радува на „нов почеток“ бидејќи зад себе има тежок период.

Адамс го смени клубот уште во февруари и се пресели од Мемфис Гризлис во Хјустон Рокетс, но никогаш не заигра во новиот клуб бидејќи помина низ тежок период на рехабилитација по повредата.

Тој ја пропушти целата сезона и сега се приклучи на нов тим за да се подготви за почетокот на сезоната.

„Морам да бидам паметен да играм. Тоа е процес кој трае две години, но тоа не значи дека не можам да играм, тоа значи дека треба да бидам внимателен“, изјави Адамс за клупската веб-страница на Хјустон.

Тоа е прва сериозна повреда на Новозеланѓанецот од почетокот на кариерата во НБА во 2013 година. Од родниот Велингтон, тој се упати кон САД и играше за Оклахома, Њу Орлеанс и Мемфис. Секако, во Оклахома Сити Тандер остави најголем впечаток во седумте години поминати таму.

Претсезоната во НБА започнува на 8 октомври, а регуларната сезона за Хјустон Рокетс на 24 октомври, кога Адамс можеше да се види на паркетот по една година пауза.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт на аферата што го потресе европскиот фудбал: Пол Погба се враќа во март

Предраг Петровиќ

Јувентус на „пазарот на незадоволните“ – Лука Јовиќ прв на листата

ФИФА воведува трет преоден рок

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Судија му се закани на играч со смрт – УЕФА веднаш му го одзеде мечот од Лигата на шампионите

Професионален боксер е убиен во Лос Анџелес, бил застрелан дури седум пати