ФИФА воведува трет преоден рок

Од:

Светската куќа на фудбалот се подготвува да воведе уште една, може да се каже, револуционерна промена.

Пред неколку децении дознавме за два преодни рока, летен и зимски, а од 2025 година и тоа ќе се промени.

Имено, ФИФА одлучи да воведе трет трансфер период, кој ќе трае само 10 дена.

Тоа би било во сила од 1 до 10 јуни, со идеја на учесниците на Светското клупско првенство да им се даде шанса да се засилат пред да учествуваат.

Првенството ќе се одржи на 11 стадиони во САД од 15 јуни до 13 јули.

Клубовите и играчите веќе нашироко се пожалија на фактот дека играат премногу натпревари и дека условите станаа нехумани. Со одржувањето на Светското првенство за клубови, играчите нема да имаат време за летен одмор.

Родри и одредени големи играчи најавија дури и штрајк, па веројатно оваа одлука на ФИФА е со цел да се спречи тоа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брутален нокаут во САД ги „освои“ социјалните мрежи

Пијастри ја покори Кина

Новоматик Македонија одличен пример за општествена одговорност

Предраг Петровиќ

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронзен медал на Балканското првенство во Будва

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ