Припремата на денешното јадење нема долго да ве задржи покрај шпоретот на овие жештини. Одбравме ласно рижото со пилешко, зеленчук и кари.
Потребно е:
- 500 гр пилешко филе
- 250 гр ориз
- 500 гр мешавина од зеленчук
- 1 лажица зачин
- 1 лажица кари
- 1 лажица лут црвен пипер
- 1 лажица соја сос
Припрема:
Пилешкото филе насечете го на ленти, посолете го, ставете пипер и зачин. На малку масло пропржете го месото додека не зацрвени. На месото додајте ја мешавината од зеленчук и гответе околу 10 минути додека зеленчукот не омекни. За тоа време сварете го оризот, исцедете го и додајте на пилешкото. Измешајте добро, ставете кари и соја сос и гответе уште 2-3 минути додека оризот не го упие зачинот.
Пријатно јадење!