Дебатата меѓу републиканецот Џеј-Ди Венс и демократот Тим Волц беше цивилизирана и релативно воздржана дискусија за прашањата најважни за американските гласачи пред изборите на 5 ноември.
Во оваа смисла, се разликуваше од двете претседателски дебати одржани претходно оваа година. Венс и Волц поминаа многу повеќе време напаѓајќи ги ривалските кандидати Трамп и Камала отколку да се напаѓаат еден со друг во текот на повеќе од 90 минути на сцената на CBS News во Њујорк.
They would not let Vance finish. They muted him. pic.twitter.com/At85l9Dpah
— Baste Records (@basterecords) October 2, 2024
Умерената дебата, насочена кон политиката, со неколку политички удари, на крајот веројатно најмногу му користеше на човекот на Трамп, републиканецот Џеј-Ди Венс, пишува Би-Би-Си.
Ако Венс беше избран да ја зајакне идеолошката основа на конзервативниот популизам на Трамп, тогаш тој успеа донекаде да го оправда тоа на оваа дебата.
„Една работа што ја прават е многу тврдења дека ако Доналд Трамп стане претседател, ќе има страшни последици“, рече тој. „Но, во реалноста, Доналд Трамп беше претседател. Инфлацијата беше ниска. Платите беа повисоки“.
Имаше моменти кога републиканскиот кандидат покажа незадоволство поради, според него, неправедно проверување на факти од двајца модератори на CBS, а во еден момент микрофоните на двајцата кандидати беа привремено исклучени.
Кога Волц зборуваше за тоа како неговиот 17-годишен син бил сведок на пукањето во центарот на заедницата, Венс изгледаше искрено загрижен.
Жал ми е поради тоа и се надевам дека е добро“, рече тој. „Боже, тоа е ужасно“.
Најголемите недоразбирања се случија при крајот на дебатата, на тема повторените и лажни тврдења на Трамп дека му биле украдени изборите во 2020 година.
Кога Венс го прашаа дали Трамп ги загуби последните претседателски избори, тој го избегна прашањето и ја критикуваше, како што рече, цензурата на Камала Харис.
Валц побрза да посочи дека тоа е неодговор што тој мора да го осуди.
„Негирањето на она што се случи на 6 јануари, првиот пат кога американскиот претседател или некој се обиде да поништи избори, мора да престане“, рече тој. „Тоа ја уништува нашата земја.
Волц рече дека единствената причина зошто Мајк Пенс, поранешниот потпретседател на Трамп, не бил на сцената е затоа што ја потврдувал победата на претседателот Џо Бајден.
Венс немаше одговор на тоа, што покажа дека и покрај пријателското однесување, нема да отстапи од ставовите на Трамп.
Џеј-Ди Венс изгледаше многу поудобно на почетокот на дебатата. Неговите одговори беа концизни, постојано ја потсетуваше публиката дека, и покрај сите ветувања на потпретседателката Камала Харис, демократите беа во Белата куќа во последните три и пол години.
„Ако Камала Харис има толку големи планови за решавање на проблемите на средната класа, тогаш таа веќе треба да ги спроведе“, рече тој.
Валц, од своја страна, се чинеше несигурен за почетната тема, иранскиот ракетен напад врз Израел и дали кандидатите ќе поддржат израелски превентивен напад врз иранските нуклеарни постројки. Гувернерот на Минесота ретко зборува за надворешна политика, а неговата непријатност беше очигледна.
Демократот се опушти додека дебатата напредуваше, а за време на размената со Венс за имиграцијата, област каде што републиканците се силни, и двајцата даваа добро изработени пораки.
Венс ги негираше обвинувањата дека промовирал лажни тврдења за имигрантите од Хаити кои крадат и јадат домашни миленици во Охајо.
„Луѓето за кои најмногу сум загрижен во Спрингфилд, Охајо се американските граѓани чии животи беа уништени од политиката на Камала Харис на границата“, рече тој.
Венс рече дека недокументираната миграција ги оптоварува ресурсите на градовите, ги зголемува цените и ги намалува платите. Валц го истакна противењето на Трамп на законот за имиграција претходно оваа година.
„Верувам дека сенаторот Венс сака да го реши овој проблем, но со тоа што стои со Доналд Трамп и не работи заедно за да се најде решение, ова станува политичко прашање, а кога станува вакво прашање, ние ги обезличуваме другите луѓе.
Кога темата се сврте кон правата за абортус, област каде што демократите се силни, според анкетите, Венс беше тој што играше одбрана, признавајќи дека републиканците треба да направат повеќе за да ја добијат довербата на американските гласачи.