Аналена Бербок: Трамп шири лажни вести за Германија, во наш интерес е да ги одржуваме врските со САД

Од:

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска изјави дека републиканскиот кандидат на претстојните избори во САД, Доналд Трамп, шири „лажни вести“ за нејзината земја, но во исто време најави дека нејзината влада ќе ги одржува односите со администрацијата на Трамп доколку тој победи во трката за втор мандат во Белата куќа во ноември.

„Навистина бевме малку изненадени што имаше лажни вести, да не речам лаги, за мојата земја. Но, очигледно е дека имаме интензивен интерес да продолжиме со овој однос на доверба со САД“, рече таа во интервју за ТВ Блумберг во Њу Јорк.

Бербок се осврна на изјавата на поранешниот претседател за време на дебатата со демократската кандидатка Камала Харис, во која тој рече дека транзицијата на Германија кон обновлива енергија не успеала и дека земјата прибегнала кон изградба на „нормални“ електрани.

Би можело да ве интересира

Сибиха: Веќе започнавме консултации со САД за новиот текст на договорот за ретки минерали

Анкета: Повеќе од 50 отсто од Украинците стравуваат од неправеден мир

Се огласи Трамп по пресудата за Марин Ле Пен: „Тоа звучи како да е во оваа земја“

Трамп: Сакам Путин да постигне договор со Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трамп се спореди со Ле Пен: Таа е водечки кандидат

Кремљ: Путин останува отворен за разговори со Трамп, тоа може да се случи многу наскоро