САД: Подготвени сме да испратиме дополнителни воени сили на Блискиот Исток за кратко време

Од:

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин ја овласти американската војска да го зајакне своето присуство на Блискиот Исток.

„Остин ја зголеми подготвеноста на дополнителните американски сили за распоредување за подобро да одговорат на различни непредвидени ситуации“, рече портпаролот на Пентагон, генерал-мајор Патрик Рајдер.

„Остин јасно стави до знаење дека ако Иран или неговите сојузници го искористат овој момент за да го таргетираат американскиот персонал или интересите во регионот, САД ќе ги преземат сите неопходни мерки за одбрана на нашиот народ“, додаде тој.

Пентагон во соопштението рече дека може да распореди сили на краток рок и дека САД остануваат фокусирани на заштита на американските граѓани и сили во регионот, одбрана на Израел и деескалација на ситуацијата.

Би можело да ве интересира

Путин предупреди: Блискиот Исток е на работ на општа војна

(ВИДЕО) Предупредување од Иран до американските сојузници: Не им помагајте или вие сте следни

Катерина Ѓуровски

Бајден: Можна е општа војна на Блискиот Исток, но можно е и да се дојде до решение

Горан Наумовски

Бајден: САД прават се за да спречат избувнување на поширок конфликт на Блискиот Исток

ОН повикуваат на итна деескалација на Блискиот Исток: „Ситуацијата е нестабилна, загрижени сме“

(ВИДЕО) Тројца Американци се мртви, 30 повредени во напад на база во Јордан: Ќе одговориме порача Бајден