Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека прилагодувањето на руската државна политика во областа на нуклеарното одвраќање стана неопходно поради ескалацијата на тензиите во близина на границите на Руската Федерација и учеството на нуклеарните сили во конфликтот околу Украина на страна на Киев.
„Очигледно е дека начинот на кој се развиваше меѓународната ситуација, начинот на кој ескалираше тензијата околу нашите граници, начинот на кој нуклеарните сили почнаа да учествуваат во конфликтот околу Украина, начинот на кој воената инфраструктура на НАТО напредуваше кон нашата границите, сето тоа придонесе да се направат потребните прилагодувања и на нуклеарната доктрина и на основата на државната политика во областа на нуклеарното одвраќање“, рече Песков, пренесува РИА Новости.
Според него, развојот на глобалната ситуација бара редефинирање на новите услови, што значи дека релевантните документи кои ги дефинираат околностите под кои Москва може да користи нуклеарно оружје наскоро ќе бидат ажурирани.