Во израелскиот воздушен напад во кој беше убиен лидерот на Хезболах Хасан Насрала во Бејрут се употребени бомби тешки повеќе од 80 тони, објавија израелските медиуми.
Бомбите, вклучително и бомбите „бункер-бастер“ кои можат да навлезат во утврдени структури, беа фрлени од формација од најмалку 10 борбени авиони врз подземниот штаб на Хезболах во јужен Бејрут во петокот, се вели во соопштението.
По нападот расте загриженоста за одмазда или сеопфатна војна на Блискиот Исток. Насралах беше убиен во петокот во израелски воздушен напад врз комплекс лоциран под станбени згради во предградието на либанската престолнина Бејрут.
Шиитската милиција Хезболах е еден од најважните сојузници на Иран во борбата против нивниот заеднички непријател, Израел.