Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Од:

Руската воздушна одбрана синоќа пресретна и уништи 125 украински беспилотни летала над седум региони на Руската Федерација и над Азовското Море, соопшти денеска руското Министерство за одбрана (МО).

„Во текот на изминатата ноќ, украинските сили се обидоа да извршат терористички напад користејќи беспилотно летало врз цели на територијата на Руската Федерација. Дежурните системи за противвоздушна одбрана уништија и пресретнаа 125 украински беспилотни летала“, се вели во пораката од руското Министерство за одбрана, пренесува РИА Новости.

Според Министерството, 67 беспилотни летала се уништени над територијата на Волгоградската област, 17 над Белгородската област, 17 над Воронежската област, 18 над Ростовската област, по еден над териториите на Брјанска област, Курска област и Краснодар и три над Азов.

Би можело да ве интересира

Сибиха: Веќе започнавме консултации со САД за новиот текст на договорот за ретки минерали

Шмихал: Украина очекува отворање на преговарачки кластери во наредните месеци

Анкета: Повеќе од 50 отсто од Украинците стравуваат од неправеден мир

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Киев: Русите регрутираат млади државјани на Украина за терористички и диверзантски активности