Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Од:

Американската воена помош за Украина од осум милијарди долари претставува „неверојатна грешка и луд чин“, изјави денеска Ким Јо Јонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и предупреди дека САД и Западот „си играат со оган“ во односите со нуклеарната суперсила Русија.

Ким Јо Јонг истакна дека Вашингтон го влошува конфликтот меѓу Украина и Русија и ја води цела Европа на работ на нуклеарна војна, пренесува денеска Ројтерс.

„САД и Западот не треба да го отфрлат или потценуваат сериозното предупредување на Русија“, рече Ким Јо Јонг во изјавата објавена од државната новинска агенција КЦНА.

Ким ја доведе во прашање способноста на САД и Западот да се справат со последиците „додека непромислено си играaт со оганот, односно Русија, која е нуклеарна суперсила“.

Во денешната изјава Ким оцени дека давање помош на Зеленски во воените дејствија против Русија е „опасна и неодговорна игра“.

Ким, кој има висока позиција во севернокорејската владејачка Работничка партија, често дава изјави за ставот на Пјонгјанг за политичките и безбедносните прашања.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно предупреди дека може да употреби нуклеарно оружје доколку Русија биде погодена со проектили.

Северна Кореја се соочува со обвинувања дека илегално и снабдува на Русија со оружје, што двете земји го негираат.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски