Георгиев: ССМ да почне да се грижи за правата на работниците

Од:

СДСМ смета дека Сојузот на синдикати на Македонија и неговиот претседател Живко Митровски станале апологети на власта не грижејќи се притоа за правата на работниците, кои, како што велат, секојдневно се намалуваат.

Кризата која ја зафати Македонија, падот на индустриското производство, падот на бруто општествениот производ, неликвидноста предизвикана од долговите на владата кон стопанството,  како што рече на денешната прес-конференција потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев, се генератор на се поголем број отпуштања и се поголем број на невработени лица. Тој истакна дека во неколку наврати досега од ССМ побарале да поведат сметка за правата на работниците, но, како што рече, наместо да бидат со нив, синдикалците станале „апологети на немилосрдното малтретирање на работниците и партнери на власта“.

„Тоа не беше доволно, па минатиов викенд во интервју за Радио Слободна Европа запрашан да коментира за положбата на работниците во Македонија, Живко Митревски изјави дека  „не е толку лошо како што се прикажува“. Бидејќи очигледно Живко Митровски одамна се нема сретнато со работниците и има изгубено осет за реалноста, еве да му помогнеме – „навистина не е толку лошо колку што се прикажува, туку полошо е“, рече Георгиев.

Дека тоа е така, според него, се увериле од постојаните контакти со граѓаните што ги остваруваат на терен. Затоа од Митровски и ССМ побара доколку немаат идеја да почнат од предлозите кои СДСМ во континуитет ги предлага за подобрување на состојбата на работниците – минималната плата да важи за сите сектори, стриктна примена на загарантираната минимална плата со вклучување на УЈП како контролор на исплатата, враќање на старото законско решение со кое периодот за кој се дава обештетување при отпуштање на работници од работа повторно да биде 5 години.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Поради тендер патриотите Клековски и Мицкоски отруена е цела Македонија

Катерина Ѓуровски

Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација

СДСМ: Владата веднаш да ги објави анализите за водата во Гостивар

СДСМ: Мицкоски ја труе цела Македонија – По седум градови, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид

СДСМ: По седум градови, Лепенец и Вардар – сега Рич и Белотино со загадена вода