Димитриеска Кочоска – Варга: Унгарија е наш силен европски партнер

Од:

Унгарија е наш силен европски партнер во напорите за остварување макроекономска стабилност, реализација на внатрешни реформи, како и силен поддржувач на нашата евроатланска интеграција. Билатералниот заем од 500 милиони евра со поволни услови се чекор во унапредување на соработката.

Тоа, како што соопшти Министерството за финансии, било заклучено на средбата на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со унгарскиот колега Михаил Варга на маргините на денешната меѓувладина седница во Охрид.

„Македонија е исправена пред многу предизвици. Новата Влада од преземање на власта се справуваше со многу отворени прашања. Целта е да ја стабилизираме макроекономската состојба и цврсто да зачекориме кон остарување поголем економски напредок“, истакнала министерката Димитриеска-Кочоска.

Taa, како што е наведено во соопштението, посочила дека веќе се подготвува буџетот за 2025 година, со што се дефинираат и политиките коишто ќе се реализираат во наредниот период.

„Ќе се посвети внимание на борбата со сивата економија, од која се очекуваат значајни резултати врз стабилноста на приходите и подигнување на конкурентноста на економијата. Во таа насока значајно место има воведувањето на е-фактура“, стои во соопштението од Министерството за финансии.

На средбата биле разменети мислење за даночните политики, глобалниот данок, поддршката на земјоделскиот сектор, како значаен сегмент и исплатата на субвенциите, како и справувањето со инфлацијата. Притоа министерката посочила дека ќе се креираат решенија коишто создадат поволна бизнис услови.

За постигнување економски напредок на државата и повисок стандард за граѓаните, министерката Димитриеска – Кочоска истакнала дека Унгарија е силен партнер во остварување на целта и значајно ќе биде споделување на нивното искуство во спроведување на претстојните реформи. При тоа Димитриеска-Кочоска се заблагодарила за подадената рака на Унгарија со обезбедените половина милијарда евра заем по поволни услов.

„Имаме многу отворени можности за унапредување на меѓусебната, особено економска соработка. Билатераниот заем е огромна поддршка на нашиот пат за реализација на реформи и стабилизирање на нашата макроекономска состојба. Тој е само вовед во една поширока економска соработка што ќе се развие меѓу двете земји“, истакнала министерката на средбата.

Потврдена била и заложбата за продолжување на реформската агенда на земјата кон целосно пристапување во ЕУ и дека на тој пат Унгарија, која во моментов претседава со Унијата, дава безусловна поддршка за Македонија, како и за целиот Западен Балкан.

„Министерката потенцира дека реформите се клучот за придвижување кон ЕУ и дека тие реформи ќе бидат високо на агендата за добробит на граѓаните и државата“, стои во информацијата.

Според соопштението, станало збор и за наредните активности околу реализација на средстсвата обезбедени со заемот од Експорт-импорт банката од Унгарија. Се очекува да се преземат активности за продолжување на соработката. Договорот за заемот, како што било посочено, на средбата се очекува да се потпише во првата половина од октомври.

Би можело да ве интересира

Димитриеска Кочоска имаше тет-а-тет средба со претставници на секоја банка посебно за унгарскиот кредит

Димитриеска-Кочоска: Посветени сме на реформите и на инвестиции што ќе не приближат до ЕУ

А1он

Предлог буџетот за 2025 оди во Собрание, Димитриеска-Кочоска најавува раст темелен на реални инвестиции

Димитриеска-Кочоска на средби во Светска банка: Континуитетoт во поддршката од СБ од голема важност за нашата развојна агенда

А1он

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст

ВИДЕО: Министерката за финасии е против замрзнувањето на маржите, мерката не ги дава очекуваните резултати и тешко се конторлира