Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Од:

МВР до Основното јавно обвинителство во Гевгелија, поднесе кривична пријава против Б.Ш. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „бесправно градење“.

МВР денеска соопшти дека пријавениот, во својство на градоначалник на една општина, во периодот од 2.3.2021 година до 23.9.2021 година, ги пречекорил границите на своето службено постапување на начин што постапил спротивно на член III од Годишната програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта во општината за 2021 година.

– Имено, со средства од буџетот на општината пријавениот извршил изградба на крак од улица, која не била дел од годишната програма за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта во општината. На тој начин пријавениот Б.Ш. нанел штета на буџетот на општината и ги сторил кривичните дела, се појаснува во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Жена од Штип го принудила внукот да питачи во Дебар

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно

38-годишен маж од Гевгелија е пронајден мртов во семејниот дом

Мицкоски: Истражните органи и Обвинителството да се произнесат за кривичната пријава против мене од Левица

Кривична пријава против поранешен началник и помошник директор во МВР

А1он

Кривична за полицајците кои не му пишаа казна на братот на градоначалникот на општина Гази Баба

А1он