(ВИДЕО) Лефков: Генералниот секретаријат на влада во време на СДС и ДУИ исплатил 23 милиони евра без основ

Од:

Владата на СДС и ДУИ со народните пари се однесувала како кон своја лична сопственост, без одговорност и отчетност. Според Извештајот на ДЗР за 2021 година, од сметката на Генералниот секретаријат исплатени се средства по дел од Владини програми, за кои целокупната документација, извршените проверки на податоците како и извршените контроли се надлежност на други државни органи и истите се одговорност на раководните лица на одделните буџетски корисници, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– На несоодветен начин, од овие програми во текот на 2021 година исплатени се средства во вкупен износ 1.404.711.000 денари, односно 23 милиони евра. Власта на СДС и ДУИ исплатиле 23 милиони евра во 2021 година преку Генералниот секретаријат, по основи, по кои не можеле и не требале. И додека за една година исплатиле 23 милиони евра на сомнителен начин, граѓаните собираа пари за лекување на деца по СМС пораки, немаше навреме учебници, ја покачија струјата, пожари се гасеа со возила стари 40 години. Начинот на кој функционирал Генералниот секретаријат е начин на кој функционирала целата влада на СДС и ДУИ. Неодговорно и недомаќински – рече Лефков.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис