Левица го блокира изборот на новиот заменик-директор на царината од ЗНАМ

Од:

Пратеничката група на Левица поднесе над 2.500 амандмани на контроверзниот Закон за царинска управа, со кој се предвидува освен директорот и заменикот, да има дополнителен втор заменик, сѐ со цел да се подели пленот помеѓу сите владејачки партнери.

„Скандалозно и вон сите етички норми, е тоа што мнозинството измислува функции за кадрите на ЗНАМ, со што се нарушува работата на царинската управа и се удира директно по парите на граѓаните.

Клептоманската коалиција во овие први 100 дена од нивното владеење покажа слух само за зголемувањето на привилегиите на своите функционери. Затоа сега имаме ред нови министерства и позиции кои ќе служат за канализирање на државните пари во партиските кеси“, велат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Прифаќаме преговори, но сме против билатералните уцени од Бугарија како предуслов за евроинтеграција

А1он

Левица: Нов Луна парк само на хартија – раскинат договорот со „МАСТЕФ“, Градот без официјално образложение

(ВИДЕО) Левица повторно ќе поднесе Предлог-закон за гарантирано платено породилно отсуство за земјоделките

Левица: Сомнителни тендери во МАНУ под вмровска контрола – над четирипати повисока цена за дезинфекција, дезинсекција и дератизација

Горан Наумовски

Исмаил до Тошковски: Кој е крив за бегството на Ива Михаилова?

А1он

Левица издејствува повлекување на спорните измени за еколошките жешки точки од законот за животна средина