Најжестокиот напад на Трамп кон Зеленски: „Украина ја нема, не можам да ги заменам мртвите“

Од:

Американски претседателски кандидат Доналд Трамп го обвини Володимир Зеленски дека „одби да склучи договор“ за завршување на војната, што претставува најексплицитна критика на Трамп за начинот на кој украинскиот претседател ја водеше војната досега.

„Тие градови ги нема, а ние продолжуваме да му даваме милијарди долари на човекот кој одби да се договори. Не постои договор што не би бил подобар од ситуацијата што ја имате во моментов. Имате земја која е избришана, не може да се обнови“, рече Трамп.

Оваа изјава доаѓа во време кога републиканскиот гнев кон Зеленски расте на Капитол Хил. Во Претставничкиот дом претставници на републиканците се обидуваат да истражат какви средства од американските даночни обврзници отишле за поддршка на безбедноста на украинскиот претседател додека тој патувал за Пенсилванија, пишува Си-Ен-Ен.

Во исто време, републиканските сенатори го предупредуваат Зеленски да остане настрана од внатрешната политика на САД, откако тој го нарече Џеј-Ди Венс, потпретседателскиот кандидат на Трамп, „премногу радикален“ во интервју објавено минатиот викенд.

На Генералното собрание на Обединетите нации, Зеленски ги предупреди светските лидери дека Русите ќе ги интензивираат нападите врз енергетската инфраструктура на Украина, вклучително и нуклеарните централи. Реакцијата на Трамп изгледаше рамнодушна.

„Секогаш кога ќе дојдеше во нашата земја, ќе си заминеше со 60 милијарди долари. Тој е веројатно најдобриот бизнисмен во светот“, рече Трамп.

Во својот говор, Трамп ги обвини Џо Бајден и Камала Харис за руската инвазија на Украина, велејќи дека тие ја „предизвикале оваа ситуација со глупоста на она што го кажале, секој потег што го направиле“.

„Тие едноставно не знаат што да прават. Тие се заробени во ситуацијата. Тажно е, тие едноставно не знаат што да прават. Бидејќи Украина ја нема, таа повеќе не е Украина. Никогаш не можете да ги замените тие градови , и никогаш не можете да ги замените мртвите луѓе“ предупреди Трамп.

Тој рече дека постигнувањето договор претходно во конфликтот за отстапување на одредена територија на Русите би спречило нова катастрофа. Трамп тврди дека Бајден требало да договори договор меѓу Русија и Украина за да се избегне какво било крвопролевање. Тој повтори дека дури и „лош договор“, како и оној во кој Украина „малку ќе попушти“, ќе биде подобар од војна.

„Можеше да се направи договор. Никој немаше да умре. Договорот можеше да се склучи доколку имавме компетентен претседател“, рече тој.

Но, тој смета дека можност за склучување договор повеќе не постои поради уништувањето што се случило.

„Каква зделка можеме да направиме? Земјата е уништена. Луѓето се мртви. Земјата е во руини“, рече Трамп.

Би можело да ве интересира

Трамп доби предупредување, Иран сака да го убие

Горан Наумовски

Зеленски: Путин бара начини да го „скрши духот на Украина“

Малку е веројатно дека Трамп ќе се сретне со Зеленски за време на неговата посета на САД

Трамп: Зеленски посакува победа на демократите на претседателските избори во Америка

Зеленски: Војната со Русија е поблиску до крајот отколку што мислат луѓето

Горан Наумовски

ВИДЕО: Крајот на војната е поблиску отколку што некој мисли вели Зеленски