Трамп доби предупредување, Иран сака да го убие

Од:

Американската разузнавачка служба го предупреди поранешниот претседател на САД и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп за заканите од Иран дека ќе го убијат, соопштија од изборниот штаб на Трамп.

Во соопштението се наведува дека американската разузнавачка служба го информирала Трамп за „реалните и конкретни закани од Иран дека ќе го убие во обид да се дестабилизира и да сее хаос во САД“, објави Би-Би-Си.

„Официјални лица од разузнавањето идентификуваа дека овие постојани и координирани напади се интензивираа во текот на изминатите неколку месеци“, се вели во соопштението, истакнувајќи дека службениците за спроведување на законот од сите агенции работат на тоа Трамп да биде заштитен и да нема мешање во претседателската работа.

Британскиот јавен сервис наведува дека не е јасно дали се работи за нови закани или за претходно пријавени.

Трамп на платформата Х објави дека има големи закани по неговиот живот од Иран и дека Техеран „веќе направи потези кои не успеаја, но ќе се обиде повторно“.

Трамп му се заблагодари на Конгресот што одобри повеќе средства за Тајната служба.

Иранската влада не одговори веднаш на барањето на Би-Би-Си за коментар, но Техеран претходно ги негираше тврдењата на САД за мешање во американските работи.

Трамп го преживеа обидот за атентат на 13 јули, кога беше ранет на митинг во Пенсилванија, а мотивот за нападот се уште не е утврден и останува под истрага.

Друг обид за атентат беше извршен против Трамп на 15 септември кога агент на Тајната служба забележа пушка како продира низ оградата на голф-клубот на Трамп во Флорида.

Американските обвинители го обвинија Рајан Весли Рут, кој беше уапсен во близина на теренот за голф, за обид за убиство на Трамп.

Би можело да ве интересира

Сибиха: Веќе започнавме консултации со САД за новиот текст на договорот за ретки минерали

Анкета: Повеќе од 50 отсто од Украинците стравуваат од неправеден мир

Се огласи Трамп по пресудата за Марин Ле Пен: „Тоа звучи како да е во оваа земја“

Трамп: Сакам Путин да постигне договор со Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трамп се спореди со Ле Пен: Таа е водечки кандидат

Кремљ: Путин останува отворен за разговори со Трамп, тоа може да се случи многу наскоро