Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

Од:

Германскиот канцелар Олаф Шолц потврди дека Германија нема да ги укине ограничувањата на Украина за напади од западно оружје на руска територија.

– Јасно е дека ние секогаш сме многу фокусирани да го поддржиме она што навистина помага и што е неопходно… Ова го подразбира и фактот дека Германија нема да ги укине ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел. Ова не зависи од мојот личен став. Тоа нема да го направиме, а имаме добри причини за тоа – им рекол Шолц на новинарите непосредно пред средбата со претседателот на Украина Володимир Зеленски во Њујорк, пренесува Тагешау.

Истовремено, тој ја повика ЕУ итно да и ја обезбеди на Украина ветената финансиска помош од 35 милијарди евра.

– Ова е важно за да можат да придонесат и пријателите во Канада, САД, Велика Британија и Јапонија – додаде германскиот канцелар.

Шолц рече дека неговата позиција нема да се промени дури и ако САД ги укинат ограничувањата.

Би можело да ве интересира

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

(ВИДЕО) Русија преку реклами регрутира граѓани од Кина: Се нуди сместување и добра плата

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина