Европратеници во масовна посета на Македонија до крајот на годинава

Од:

Пред објавувањето на извештајот на Европската комисија и во рамки на подготовката на Резолуцијата на Европскиот парламент за напредокот на Македоија во евроинтеграциите, до крајот на годинава нашата земја ќе биде масовно посетена од страна на пратеници од Европарламентот. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, неделава во Скопје веќе беа дузина европратеници, а следуваат уште многу посети со цел пратениците од европскиот законодавен дом да и ја изразат поддршката на Република Македонија во обезбедувањето на датум за почеток на пфреговорите за членство во Европската унија.

На почетокот на оваа недела, по повод заедничката конференција на Европскиот парламент и македонското Собрание, на тема „транспарентност“ Македонија веќе ја посетија известувачот од сенка од Европарламентот, Едвард Кукан (Словачка, Европски народни партии-ЕПП), Рајнер Виланд (ЕПП), Ласло Сурјан (ЕПП), Тања Фајон (Социјалисти и демократи-С/Д) и Кнут Флекенштајн (С/Д), кој е и член на Комитетот за надворешни работи на ЕП.

Во исто време со оваа екипа, кај нас дојдоа и група пратеници во Европарламентот од таборот на Социјалистите и демократите (С/Д), на чело со нивната потпретседателка Либор Роучек. Со неа беа и Хрватот Тонино Пицула и Германецот Јирген Сил и тие се сретнаа со вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими.

На почетокот на идната недела, од 30 септември до 1 октомври, во Скопје ќе допатуваат четворица европратеници што се членови на групата „Пријатели на Македонија“ во Европскиот парламент. Предводени од Мартин Каслер (Германија, ЕПП), кој е и претседавач со групата, нашата земја ќе ја посетат и македонските пријатели Туне Келам (Естонија, ЕПП), Ана Заборска (Словачка, ЕПП) и Кристина Гутиерез-Кортинес (Шпанија, ЕПП).

На крајот на идниот месец, на 28 и 29 октомври, во Македонија ќе пристигнат известувачот и известувачите од сенка од Европскиот парламент за Македонија. Со оглед на тоа што тогаш се оддржува и заедничкиот парламентарен комитет на ЕП и нашето Собрание, во Скопје ќе пристигнат Ричард Ховит (В.Британија, С/Д), Мари Корнелисен (Холандија, “Зелени” и Европска слободна алијанса), Норика Николај (Романија, Алијанса на либерали и демократи за Европа), Едвард Кукан (Словачка, ЕПП) и Чарлс Тенок (В.Британија, Група на европски конзервативци и реформисти).

По покана на невладината „Конрад Аденауер Штифтунг“, за да учествува на политичка дебата, како и на Паневропска конференција, на 1 и 2 ноември ќе престојува во Македонија и поранешната претседателка на Пактот за стабилност, сега европратеник од Европските народни партии, Дорис Пак (Германија).

Масовната посета на пратеници од Европскиот парламент на Македонија, годинава ќе заврши со доаѓањето на Словенецот Алојз Петерле (ЕПП).

Според најавите, со посетите на нашата земја, европратениците сакат да ја покажат силната поддршка што Европскиот парламент ја дава на Македонија за земјата да го почне пристапните преговори, што неколку години наназад е изразено и цврство се бара и во Резолуциите што ЕП ги издава за македонската држава.

Би можело да ве интересира

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски