Најмалку четири лица загинаа, а повеќе од десет се повредени во масовно пукање во Бирмингем, Алабама. Полицијата по нападот ја опколи областа околу познат клуб во градот.
На местото на настанот пристигнаа бројни полициски, противпожарни и итни екипи.
#BREAKING Mass shooting leaving leave multiple people injured and several fatalities in Five Points South area of Birmingham, Alabama. – @MScaranoNews pic.twitter.com/WzYq4CoLTO
— Fast News Network (@fastnewsnet) September 22, 2024
Снимките кои кружат на социјалните мрежи покажуваат како полициски патроли ја блокираат целата област околу местото на злосторството.
Малку по 23 часот во саботата, „неколку луѓе испукале повеќекратни куршуми во група луѓе“ во областа „Фајв Поинтс“, изјави полицаецот од Бирмингем, Труман Фицџералд, пренесе Би-би-си.
Кога полицајците пристигнале на местото на настанот, затекнале двајца мажи и една жена кои не реагирале со прострелни рани. Четвртата жртва починала во болница.
Ниту еден осомничен досега не е уапсен.
Полицијата соопшти дека побарала во истрагата да се вклучи и ФБИ.