Првиот сопруг на Џеј Ло откри непознати детали за неа

Од:

Џенифер Лопез неодамна се разведе од Бен Афлек, а нејзиниот прв сопруг неодамна се присети на нивниот заеднички живот за време на нивниот брак.

Латино дивата Џенифер Лопез за прв пат стапна на лудиот камен пред 26 години. Нејзиниот избраник во тоа време беше Охани Ноа, актер и личен тренер.

Тој и Џеј Ло се запознале во 1996 година, додека Ноа бил келнер и по само неколку месеци врска решиле да се венчаат. Интересно е што Ноа е единствениот сопруг кој ја познавал Џенифер пред големата светска слава.

“Јас бев првиот, пионерот. Стоев покрај неа како поддршка на почетокот на нејзината кариера кога се бореше со анксиозност и несигурност. Бев навистина добар сопруг бидејќи верувам во бракот. Кога се разведовме, моето срце беше скршено, имав чувство дека повеќе не сум и потребен, посебно кога таа доби сè од мене“, рече тој.

Исто така, интересно е што Џеј Ло го користеше истиот прекар за него и за Бен, „папи“, што значи татенце.

Сепак, нејзината потреба за медиумско внимание ја победи љубовта.

„Кога поминувавме низ пеколот и моравме да одиме некаде како пар, и јас бев во лошо расположение. Знаев дека не сме добро. Ги мразев црвените килими. Таа се обидуваше да ме наговори да одам со неа, но одбив, не сакав да се преправам“, изјави Кубанецот и потврди дека опседнатоста на Лопез со медиумското внимание била честа причина за нивните кавги.

Тврди дека токму тој ставил точка на врската, а разводот бил доста бурен.

Никогаш не погледнав во друга жена додека бев со неа, и се чинеше дека јас сум лошиот човек во приказната. Нејзините луѓе сакаа таа да биде „добрата вила“ затоа што излегуваше нејзин филм, а потоа и албум. Не сакаа негативен публицитет“, истакна Ноа.

Тој дури и претходно истакна дека не гледа светла иднина за неа и Бен.

“Џен сака да биде заљубена, но се вери шест пати. Бен е нејзиниот четврти сопруг. Бев нејзиниот прв сопруг и таа ми рече дека сум љубовта на нејзиниот живот. На нашата прва брачна ноќ ми рече дека ќе останеме засекогаш заедно“, додаде Ноа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Српски Јутјубер се снимил во дувло на мечка, доби повеќе од 100.000 следачи во еден ден

Предраг Петровиќ

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Fiction со нов сингл- Булевар

Новиот сингл на македонското трио BDM на светска музичка компилација

Предраг Петровиќ