Истражување: Македонците неиформирани за пристапот до информации

Од:

Значителен дел од граѓаните во Македонија сметаат дека немаат право да бараат информации од јавен карактер, а државната власт и здравствените установи се најчесто посочувани како институции од кои граѓаните се заинтересирани да добијат информации.

За повеќе од половина граѓани е непознато е постоењето на Закон кој го гарантира правото на слободен пристап до информациите, а преовладува мислењето дека нема брз и лесен пристап до јавните информации, покажуваат резултатите од истражувањето за „Перцепцијата на граѓаните во Македонија за остварување на правото за слободен простап до информации од јавен карактер“, како и оценката на примената на Законот од страна на институциите кои ги поседуваат информациите.

Истражувањето спроведено од Фондацијата Отворено Општество промовирано денеска по повод утрешниот Меѓународен ден на правото за слободен пристап до информации има за цел да ги поттикне Владата и Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер да спроведат едукативни кампањи за информирање на граѓаните за правото на слободен пристап до информации.

pravoDaZnam

„Неинформираноста на граѓаните не смее да се толкува како нивна одговорност, напротив власта треба да сфати дека едукацијата на граѓаните е нејзина обврска“, беше порачано на денешната промоција.

Мнозинството на институции односно иматели на информации од јавен карактер во последнава година примиле барања, но сепак значителен број, односно 39,4% немаат примено ниту едно барање, што укажува на ниското познавање на ова право во македонското општество.

Од граѓаните кои побарале информации од јавен карактер 41% добиле одговор, 19,2% добиле само делумни одговори, додека пак 25,4% не ги добиле бараните информации. Од оние кои не добиле одговор или се незадоволни од добиениот одговор дури 84% не поднеле жалба.

pravoDaZnam2

Најчести барања кај имателите биле информациите за склучени тендерски договори како и информации за одлуки и статистички податоци, додека пак 54% од имателите на информации сметаат дека очекувањата на граѓаните од Законот се нереални, односно граѓаните премногу очекуваат од него.

Мнозинство од испитаните граѓани верува дека Законот е потребен, истиот ја зголемува транспарентноста и довербата во институциите, но би требало да ги опфаќа и политичките партии.

Законот за слободен пристап до информациите од јавен каратер е донесен во јануари 2006 година, а започнува да се применува во сепмтеври истата година. Исто така истражувањето покажува дека во Македонија сеуште не постои системско мерење на имплементацијата на Законот, а статистички податоци за бројот на примените барања не се чуваат.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

Сорос тврди дека поразот на Русија во Украина ќе ја распадне „Руската империја“

Сорос и Гејтс ќе ја преземат фирмата за брзи ковид тестови

Ана Ололовска

ПроПублика: Маск, Сорос, Безос не плаќале данок на доход со години

Ана Ололовска

Највисокиот суд на ЕУ против унгарските закони што го погодија универзитетот на Сорос

Ана Ололовска

Според Сорос, Си е закана за ЕУ

Ана Ололовска

Орбан: Сорос стои зад миграцијата на Балканот

Ана Ололовска